Фудбалерите на Арсенал, рутински и без поголеми проблеми го совладаа некогашниот премиерлигаш Портсмут со 2-0 (1-0) и обезбедија пласман во ТОП 8 во англискиот ФА Куп.

Ниту комбинираниот состав на „Фратон Парк“ не им сметаше на „топчиите“ да стигнат до лесен триумф. Дефанзивецот Сократис Папастатопулс во последната минута од првиот дел го отвори резултатот. Сите дилеми околу победникот гостите од Лондон ги решија на стартот од второто полувреме со погодокот на Едвард Нкетија.

Во останатите натпревари од осминафиналето силите ќе ги одмерат Челси – Ливерпул, Ридинг – Шефилд, ВБА – Њукасл, Шефилд – Мен Сити, Лестер – Бирмингем, Тотенхем – Норвич и Дерби Каунти – Мен Ју.

OhridNews