Премиерлигашите Фулам и Лестер се посрамотија во ФА Купот, откако не успеаја да ја минат пречката во третата рунда од најстарото клупско натпреварување во Англија.
Фулам пораз претрпе од нисколигашот Олдам на домашен терен (2-1), додека „лисиците“ изгубија на гостински терен од Њупорт Каунти исто 2-1. Образот на премиерлигашите го обелија Манчестер Сити и Ватфорд кои славеа над Ротерам 7-0 односно Вокинг 2-0.
Мечевите од третата рунда ќе се комплетираат утре вечер со премиерлигашкот дерби помеѓу Вулверхемптон и лидерот на табелата Ливерпул.
OhridNews