Во ФА купот допрва ќе се играат мечеви да се биде или не, но синоќа, на „Гудисон Парк“, се одигра мечот на сезоната во кој Евертон со 5-4 го совлада Тотенхем и го чекираше пласманот во топ 8.
Двете екипи одиграа фантастичен натпревар. „Петлите“ од Лондон поведоа со 1-0, а „карамелите“ со три погодоци во првиот дел го свртија натпреварот во своја полза. На стартот од второто полувреме, Тотенхем постигна два брзи погодоци и изедначи 3-3. „Гол-лудилото“ продолжи. Евертон обезбеди нова предност 4-3, а Тотенхем врати за конечни 4-4 и продолжение. Во двете продолженија по 15 минути, Евертон реализираше гол за 5-4, кој на крајот се покажа пресуден за победникот во спектакуларниот натпревар.
Покрај Евертон, пласман во топ 8 обезбедија Манчестер Сити кој славеше со 3-1 против Свонси и Лестер и Шефилд Јунајтед со минималните победи над Брајтон односно Бристол. Четвртфиналните учесници ќе се комплетираат денеска, со победниците од дуелите Вулверхемптон – Саутемптон односно Барнсли – Челси.
OhridNews