Добрата форма и одличните претстави од Премиер лигата, екипата на Саутемптон ги преслика во ФА Купот, елиминирајќи го актуелниот првак Арсенал, после мининалната победа од 1-0.
„Светците“ погодокот за победа го постигнаа на средината од првиот дел со голема помош од противничкиот состав. Габриел во 24-та минута ја затресе сопствената мрежа и донесе водство за домашната екипа. Тој момент го одлучи победникот и патникот во петтата рунда од ФА Купот.
Најстарото клупско натпреварување во Англија ќе добие нов првак, затоа што Арсенал минатата година триумфираше и го освои трофејот.
OhridNews