Најстарото клупско натпреварување во англискиот фудбал ФА Купот, секогаш изобилува со резултатски изненадувања или пак, приказни, кои неможат да се случат на друго место. Една таква несекојдневна приказна доаѓа од дуелот Астон Вила – Ливерпул.
Домашниот состав поради кризата во екипата предизвикана од ковид -19, на дуелот со актуелниот англиски шампион мораше да настапи со младинци. „Црвените“ максимално ја искористија предноста во искуството и победија со 4-1. Сепак, натпреварот ќе остане запеметен по потегот на Луи Бери. Фудбалерот кој го постигна голот за Астон Вила одлучи да го замени дресот со Фабињо, а само пет секунди подоцна по реакцијата од екипата тој го молеше Бразилецот да му го врати назад, затоа што според англиската традиција, дебитанскиот дрес во сениорскиот состав не се менува и се чува на посебно место.
OhridNews