Челси и Кристал Палас се најновите екипите кои изборија пласман во петтата рунда од најстарото клупско натпреварување во Англија, ФА купот совладувајќи ги Шефилд Вендздеј со 3-0 односно Тотенхем 2-0.

Кристал Палас му зададе нов удар на Тотенхем кој е во блага резултатска криза. „Петлите“ пред дуелот во ФА Купот пораз и елиминација доживеаја од Челси во Лига купот. Домашните фудбалери погодок за почетно водство го постигнаа во 9-та минута, а предноста ја дуплираа во 34-та минута. Избраниците на Маурицио Почетино не направија ништо во продолжението и после еден одигран меч ги завршија обврските во ФА купот.

„Сините“ на Стемфорд Бриџ ја оправдаа фаворитската улога совладувајќи го нисколигашот Шефилд. Покрај триумфот со кој Челси помина понатаму овој меч ќе остане запеметен по дебито на Гонзало Игуаин. Првиот настап во дресот на Челси напаѓачот не го круниса со поогок, но дебито му го разубавија Вилијан и Калум Хадсон кои ги постигнаа головите.

Четвртата рунда ќе се комплетира утре вечер со мечот помеѓу Барнет и Брентфорд.

OhridNews