Составот на Манчестер Јунајтед е првиот учесник во 1/2 финалето од англискиот ФА Куп. „Црвените ѓаволи“ потешко од очекувањата после дополнителни 30 минути го совладаа Норвич со 2-1 и успешно ја поминаа четвртфиналната пречка.
Избраниците на Оле Гунар Солскјер доминацијата на теренот ја искористија на почетокот од вториот дел кога поведоа со погодокот на Игало. Фудбалерите на Норвич првата посериозна прилика после негативата ја претворија во изедначувачки гол за 1-1. Стрелец беше Кентвел. Пред истекот на 90-та минута Норвич остана со фудбалер помалку. Директен црвен картон доби Клосе. Гостите од Олд Трафорд долго време го „плетеа голот“. Отпорот на домаќините го скршија во 118-та минута. На вистинско место во мешаницата се најде Хари Мегвајер кој со лизгачки старт ја смести топката во мрежата на Норвич.
Во преостанатите четвртфиналните натпревари кои се утре на програмата ќе се сретнат Шефилд Јунајтед – Арсенал, Лестер – Челси односно Њукасл – Манчестер Сити.
OhridNews