Фудбалерите на Челси, на домашен терен со рутински триумф над Нотингем (2-0) обезбедија пласман во четвртата рунда од ФА Купот, додека Тотенхем билетот ќе го чекира пред своите гледачи откако на гостувањето кај Мидлзброу ремизираше 1-1.

Третата рунда во ФА Купот не ја преживеа составот на Кристал Палас кој на својот стадион изгуби од Дерби Каунти 1-0. Денешната програма ќе се комплетира со средбите Ливерпул – Евертон односно Гилингам – Вест Хем.

Резултати:

Челси – Нотингем 2-0

Мидлзброу – Тотенхем 1-1

Бростол – Ковентри 2-2

Бартон – Нортемптон 2-4

Чарлтон – ВБА 0-1

Крев – Барнсли 1-2

Кристал Палас – Дерби 0-1

КПР – Свонси 5-1

Шефилд Јунајтед – Флојд 2-1

OhridNews