Лутите лондонски ривали Челси и Арсенал ќе ги одмерат силите во финалето од најстарото клупско натпреварување во Англија, ФА Купот.
„Сините“ на „топчиите“ во големото финале им се придружија после убедливиот триумф (3-1) против Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Челси максимално ги искористи подароците од „црвените ѓаволи“, кои во полуфиналната средба на беа на нивото од претходните мечеви. За првите два погодоци кривец беше голманот Де Геа додека за третиот кумуваше Мегвајер кој си постигна автогол. Во финишот Бруно Фернандес од пенал го ублажи поразот.
Финалето во ФА Купот се игра на 1 август на легендарниот „Вембли“, каде се играа и полуфиналните мечеви.
OhridNews