Ждрепката во ФА Купот си го направи своето и донесе потенцијална и лесно остварлива премиерлигашката пресметка во осминафиналето. За да се оствари треба Ливерпул на „поправниот“ да го совлада совлада тимот на Шревзбери и да закаже дуел со Челси на Стемфорд Бриџ.
Од осумте средби оваа ќе биде најинтересна, а во фокусот ќе има уште неколку кои ќе бидат интересни на свој начин. Една таква исто е со пред знак потенцијална. Дерби кој го има Вејн Руни во составот ако го помине Нортемптон ќе се судри со Манчестер Јунајтед. Руни својата афирмација како фудбалер ја имаше на Олд Трафорд постигнувајќи рекорден број на голови за „црвените ѓаволи“.
Двојки 1/8 финале:
Шефилд Венздеј – Мен Сити
Ридинг/Кардиф – Шефилд Јунајтед
Челси – Шревзбери/Ливерпул
ВБА – Њукасл/Оксфорд
Лестер – Ковентри/Бирмингем
Нортемптон/Дерби – Мен Ју
Саутемптон/Тотенхем – Норвич
Портсмут – Арсенал
OhridNews