После првиот пораз во Премиер лигата, Ливерпул се соочи со нов неуспех, овој пат во ФА купот откако претрпе пораз од Челси (2-0) на „Стемфорд Бриџ“ во рамките од 1/8 финалето.
Дербито во оваа фаза од натпреварувањето ги исполни очекувањата и двете екипи одиграа фантастичен натпревар. „Сините“ искористија две од своите неколку прилики, додека „црвените“ немаа одговор за расположениот шпански голман Кепа Азизабалага. За водство на домаќините со голема помош од чуварот на мрежата на Ливерпул Адријан погоди Вилијан во 11-та минута од натпреварот. Во 64-та минута, Ливерпул изгуби топка на средината од теренот а пеколната контра на „сините“ со гол ја заврши Рос Баркли.
Резултати:
Челси – Ливерпул 2-0
Ридинг – Шефилд Јунајтед 1-1
ВБА – Њукасл 2-3
OhridNews