Фудбалерите на Манчестер Јунајтед обезбедија прогрес во следната фаза од ФА купот, откако на „Олд Трафорд“ со 3-2 (1-1) славеа во дербито со Ливерпул.

Двете екипи одиграа фантастичен натпревар со пет голови и на најдобар можен начин им се оддолжија на фановите за здодевното дерби без голови пред недела дена на „Енфилд“, во рамките од Премиер лигата.

Први мрежата на „Олд Трафорд“ ја затресоа гостите. Мо Салах со погодок го круниса маестралното додавање на Роберто Фирмино. Радоста на „црвените“ кратко траеше, само осум минути. Мејсон Гринвуд изедначи на 1-1, искористувајќи топката со очи од Маркус Рашфорд.

Возбудувањата и отворениот фудбал продолжија во второто полувреме. Манчестер Јунајтед поведе со 2-1. Рашфорд погоди за 2-1, а за голот кумуваше одбраната на Ливерпул. Гостите брзо се созедоа и преку Салах, кој втор пат ја затресе мрежата се вратија во игра за позитивен резултат. „Ѓаволите“ пред истекот на 80-та минута, благодарание на Бруно Фернандес кој влезе од клупата повторно обезбедија водство. Португалецот биеше прецизно од слободен удар, матирајќи го Алисон Бекер. Петтиот погодок на мечот се покажа пресуден во дербито, кое заслужено заврши во корист на домаќините.

  • Резултати:

Челси – Лутон 3-1

Брентфорд – Лестер 1-3

Фулам – Барнли 0-3

Мен Ју – Ливерпул 3-2

Евертон – Шефилд (21ч)

OhridNews