Манчестер Сити без поголеми проблеми се пласираше во петтата рунда од ФА купот победувајќи го Барнли со 5-0 пред своите гледачи.

Мечот на Етихад покрај гол шоуто и убедливата победа на домаќините го одбележа шутирањето на корнер знамето и топката од страна на Кајл Вокер. Дефанзивецот беше во налет и со силината на ударот успеа да го скрши знамето и да ја нафрли топката.

Според прописите на фудбалска игра мечот мора да прекинат и знамето поправено или сменато. Главниот судија така и постапи, а мечот продолжи по замената на скршеното со ново знаме. Погодоците за Манчестер Сити во убедливиот триумф ги постигнаа Габриел Жезус, Бернандо Силва, Кевин де Брујне, Серхио Агуеро и Кевин Лонг кој си ја затресе сопствената мрежа.

Резултати: Акрингтон – Дерби 0-1, Брајтон – ВБА 0-0, Донкастер – Олдам 2-1, Мен Сити – Барнли 5-0, Мидлзброу – Њупорт 1-1, Њукасл – Ватфорд 0-2, Портсмут – КПР 1-1, Шревзбери – Вулверхемптон 2-2, Свонси – Гилингам 4-1, Милвол – Евертон 3-2, Вимболдон – Вест Хем.

OhridNews