Фантастичната серија на Манчестер Јунајтед под водство на Оле гунар Солскјаер продолжува и понатаму. „Црвените ѓаволи“ ја забележаа осмата победа во низа, а нова жртва беше Арсенал кој изгуби на Емирати (3-1) во петтата рунда од ФА Купот.
Манчестер Јунајтед кон победата и пласманот во следното коло направи со погодоците на Алексис Санчез и Џеси Лингард во 31-та односно 33-та минута. „Топчиите“ и покрај негативата не се предадоа и до крајот на првиот дел со голот на Пјер Обамејанг намалија на 2-1 и ги вратија надежите за поволен резултат.
Во второто полувреме домаќините нападнаа, но освен приликата на Ремси кога голманот Ромеро со маестрална одбрана спречи погодок не се заканаа. Гостите билетот за пласман понатаму го чекираа во 82-та минута со голот на Ентони Марсијал.
Покрај екипата од Олд Трафорд понатаму продолжува и тимот на Бристол кој со 2-1 го совлада некогашниот премиерлигаш Болтон.
OhridNews