Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини за недолично однесување, напаѓачот на Mанчестер јунајтед Единсон Кавани. Минатиот месец, по победата над Саутемптон, во која Кавани постигна два гола, објави видео на Инстаграм со зборовите „gracias negrito“ му се заблагодарил на еден свој пријател за честитките.
Веднаш ја избришал пораката кога бил известен дека таа може да биде погрешно протолкувана. Подоцна Кавани се извини во јавноста.
Кавани и Манчестер јунајтед имаат рок да одговорат на овие обвинувања до 4.јануари 2021 година. Уругваецот може да добие суспензија од три натпревари.
Пеле ја напушта Кина, Интер ќе му биде следна дестинација
Ограничувањето на платите за странските фудбалери што го воведоа Кинезите, ќемим овозможи на Интер да донесат засилување во нападот. На Апенините тврдат дека Антонио Конте го означил Грацијано Пеле, како прва мета во јануарскиот преоден рок.
Интер една година се во потрага по напаѓач кој му биде конкуренција на Ромелу Лукаку. Поранешниот играч на Саутемптон, Пеле, за две недели ќе стане слободен играч. Бидејќи нема шанси повеќе да добие договор каков што имаше, тој ќе ја напушти Кина. Пеле во Кина играше за годишна плата од 15 милиони евра.
Конте во минатото имаше одлична соработка со Пеле. Во перидот додека беше селектор на Италија, тој му пружи шанса на овој напаѓач. Пеле го предводеше нападот на Италија на ЕП во 2016 година, на кое Италија по изведувањето на пенали, испадна од Германија во четврт-финалето.
OhridNews