Оваа година во одбележувањето на големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, се враќа една убава традиција што пред децении ја воспостави Здружението „Богојавление“.

 

Имено, фаќачот на чесниот крст кој на Водици ќе биде положен во осветените води на Охридското Езеро од здруженито „Богојавление“ кое годинава одбележува 20 години постоење, ќе добие вредна икона „Богојавленски свет“, која специјално ја изработи охриќанецот Стефан Мошовски.

По традиција иконата на фаќачот на крстот ќе му биде предадена во ресторанот „Св. Софија“ каде пред повеќе од три децении почна иницијативата за масовно чествување на Водици во Охрид кои долги години се одбележуваа со кумство што е традиција на овој празник во нашите краишта.

Г.М.