Ракометарките на Лихнид го освоија бронзеното одличје на завршниот турнир во Охрид, откако во малото финалето го совладаа составот на Куманово со 27-25 (13-13).


Избраничките на Филип Јовановски и Билјана Богданова-Смилевска направија чекор напред од минатата сезона кога завршија на четвртата позиција во фајнлофот.

Од почетокот се до 25-та минута од првиот дел се играше гол за гол и никоја од екипите не направи поголема предност. „Китовите“ со серија 3-1 во финишот обезбедија водство од два погодоци (15-13) после триесет минути игра.

Во првите десет минути од вториот дел ракометарките на Лихнид предноста ја зголемија на три погодоци (21-18).


Најголемата негатива не ги поколеба кумановски кои се вратија во игра (21-21). Охриѓанки одново стигнаа до плус три (24-21) и со три голови влегоа во последните десет минути од натпреварот.

До крајот на мечот домашните ракометарки ја задржаа предноста и забележаа победа (27-25) со бронзен сјај.

Фотогалерија:

OhridNews