Екипата на КЛ7 се закити со бронзениот медал на завршниот турнир во Младинска конкуренција кој се одржува во Охрид. „Сините“ во малото финале го совладаа градскиот ривал Струга со 31-21 (13-12).

Ракометарите на КЛ7 одиграа добар и квалитетен натпревар, наспроти Струга која ги повтори грешките од полуфиналниот меч со Металург од полуфиналето.

Во првиот дел водството го контролираше тимот на КЛ7, но Струга во ниту еден момент се откажа. Во динималната игра подобро се најдоа ракометарите на КЛ7 и обезбедија гол предност (13-12) по триесет минути игра.

Вториот дел комплетно помина во доминација на КЛ7. Со серија од 5-1 се одлепија на плус пет 18-13 и тргнаа кон победата. Стружани грешеа, а КЛ7 погодуваше од контра напади за убедлива победа и бронзен медал од завршниот турнир во Охрид.

Собирот на најдобрите екипи во Младинска конкуренција ќе финишира со големото финале помеѓу Охрид и Металург кое ќе започне во 17 часот и 30 минути.

OhridNews