Ракометарите на Охрид обезбедија учество на завршницата во Купот на Македонија победувајќи го Прилеп 35-32 (16-13) во финалето од четвртфиналната група која се разигруваше во „Билјанини Извори“.
До победата со историско значење охридските „гладијаторите“ стигнаа во последните пет минути иако имаа констатно водство во текот на целиот натпревар.
Домаќините добро со 4-1 го започнаа мечот, а гостите возвратија со иста мера за водство од 6-4 по десет минути игра.
Охрид, пак имаше гол серија од пет погодоци за нова предност од два погодоци на семафарот (9-7).
Со игра „гол за гол“ ракометарите на Охрид ја задржаа предноста и на одмор заминаа со плус три (16-13).
И вториот дел пулените на Горан Андоновски го започнаа фуриозно им донесе највисоки плус пет семафарот.
Но, место да го нокаутираат противникот, „гладијаторите“ со серија грешки го вратија во игра во последниот квартал од мечот.
Психолошки не потпаднаа домаќините бодрени од публиката и со серија од (5-1) го свртија резултатот во своја полза (32-28) што наговести победа во „Билјанини Извори“.
Сепак, најдоброто домашните ракометари го оставија на крај и со троен цепелин ставија печат на ноќта за паметење во охридската арена.
Р.К. Охрид: Колев (2 одбрани), Трајковски (13 одбрани), Андоновски 4, Новаковиќ, Тасески 2, Павловиќ 8, Печенковски 2, Кежиќ 6, Вражалица 5, Стојановиќ 6, Хогас 3, Трифуноски, Мачу, Белевски.
Р.К. Прилеп: Трајковски (9 одбрани), Илиоски, Тодороски, Талевски 5, Ѓоргиески 5, Петкоски 6, Спасески, Петрески, Бозароски 6, Стефнаоски, Секулиќ 1, Ангеловски 3, Турченко 5, Јанески.
Фото: Емилио
Мх.П.