Денеска, во Спортската сала „Билјанини Извори“ во 17 часот и 30 минути ќе се одигра финалниот натпревар помеѓу Охрид и Металург од завршниот турнир во Младинската лига. Претходно во 15:30 часот силите ќе ги одмерат КЛ7 и Струга во мечот за третото место.
„Гладијаторите“ пласман во големото финалето обезбедија после триумфот над КЛ7 (28-23), додека „металурзите“ во полуфиналниот дуел со Струга славеа со (31-26).
На охридските ракометари ќе им биде потребна огромна поддршка од публиката во обидот да му ја одземат шампионската круна на Металург. Охриѓани се наоѓаат од чекор од историја, а со крила од публиката може да биде испишана.
Сите в сала, време е за финале! Напред Охриде!
OhridNews