Двете најдобри екипи, Охрид и Металург во регуларниот дел од Младинската лига ќе ги одмерат силите во утрешното финале од завршниот турнир кој се одржува во СРЦ „Билјанини Извори“.
„Гладијаторите“ на Металург во големото финале му се придружија победувајќи го тимот на КЛ7 со 28-23 (15-12) во второто полуфинале. „Металурзите“ во првото го совладаа тимот на Струга.
Добриот почеток на мечот им донесе предност на охриѓани 5-1, а скоро и 8-2. Ракометарите на КЛ7 се консолидираа и успеаја да се доближат, но не успеаја да ја стопат предноста и целосно да се вратат во игра до крајот на првиот дел.
До 50-та минута во второто полувреме се играше гол за гол, а тоа им одеше во прилог на охридските ракометари кои го зачуваа водството. Последните десеттина минути не променија ништо, охриѓани не само што ја задржаа предност, туку ја зголемија за дополнителни два погодоци и конечна победа.
Во тимот на Охрид голгетерски се истакна Наум Костов кој постигна 9 погодоци, а во тимот на КЛ7 најефикасен беше Дејан Џигероски со седум голови.
Финалнаниот натпревар се игра во 17 часот и 30 минути, а малото финале во кое ќе се сретнат градските ривали Струга – КЛ7 во 15 часот и 30 минути.
OhridNews