Составот на Металург е старо-нов шампион во женска кадетска конкуренција, откако во финалето со 26-21 (12-10) го совлада градскиот ривал Вардар.


До новата титула во кадетската лига Металург стигна со доминатна игра во текот на целиот финален натпревар во „Билјанини Извори“.

Предноста од два погодоци на полувремето (12-10), ракометарките на Металург ја преточија во рутински триумф (26-21) на крајот од мечот.


Бронзенето одличје на завршниот турнир кој се одржа во Охрид им припадна на „китовите“ кои славеа со 27-25 против тимот на Куманово.

Фотогалерија:


Ф4: ЖРК Лихнид трета ракометна веле сила во Македонија ! (фото) 

OhridNews