Ракометарките на Лихнид не успеаја да обезбедат пласман во финалето на завршниот турнир во кадетска конкуренција кој се одржува во Охрид. Подобри од „китовите“ во првата полуфинална пресметка беа ракометарките на Металург кои славеа со 28-10 (12-7).
Избраничките на Филип Јованоски и Билјана Богданова-Смилевска одлично парираа во првата половина од првото полувреме. Домашниот состав немаше одговор за одбрана на Металург и гостите на одмор заминаа со предност од пет голови (12-7).
Со серија од 9-2 (21-9) на стартот од вториот дел ракометарките на Металург го решија победникот и го чекираа билетот за финале.
Металург ривалот во натпреварот за златен медал ќе го добие после вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Вардар СЈС – Куманово.
Фото галерија:
OhridNews