Ракометарките на Металург го одбранија тронот во кадетска конкуренција триумфирајќи на завршниот фајлн фор турнир кој се одржа во Охрид во организација на женскиот ракометен клуб Лихнид. Во големото финале Металург славеше против Вардар, а ракометарките на Лихнид го освоија бронзениот медал после победата над Куманово во малото финале.
– Сакаме да му заблагодариме на Ракометната федерација на Македонија за довербата и на спонзорите за нивната поддршка без која не ќе можевме да се преставиме како добри домаќини. Мораме јавно да им се заблагодариме на генералниот покровител на завршниот турнир АСП Пак и на Општина Охрид, Ј.П. „Билјанини Извори“, Жито Леб, АД Млекара Битола, Црвен Крст Охрид, Галеб, Хотел Гарден, Валео Охрид, Астра Дизајн, Пожарна Охрид, СВР Охрид, OhridNews.com и младинската екипа од РК Охрид. Искрено се надеваме дека ова нема биде последен ваков настан во Охрид кој полека преснува во голем ракометен епицентар во Македонија. – изјави од клубот после завршувањето на финалната церомонија.
Во изборот на идеалниот тим место имаше за пивотменот во охридскиот состав Ивона Блажеска, додека индивудалните награди односно признанијата за најдобра ракометарка заминаа во рацете на Јана Калајџиеска (Металург), за најдобар голманка прогласена беше Јована Мицовска (Вардар), а најдобар стрелец ракометарка на Куманово, Мила Трајковиќ.
Идеалниот тим од Ф4 турнирот во Охрид:
Лево крило: Бојана Диневска (Вардар)
Леб бек: Јана Калајџиеска (Металург)
Среден бек: Мила Трајковиќ (Куманово)
Десен бек: Тамара Ивановска (Куманово)
Десно крило: Јована Кипријановска (Куманово)
Пивотмен: Ивона Блажеска (Лихнид)
Голман: Јована Мицовска (Вардар)
OhridNews