Првиот човек на Мерцедес Тото Волф изјави дека W08 не “ослабе“ 5 кг како што некој од новинарите шпекулираа после победата на Мерцедес во Каталуња.

Пред трката во Шпанија, Ники Лауда изјави дека тежината на болидот е еден од најголемите проблеми за Мерцедес и дека на тоа ќе мора да се поработи по жестоко за се достигне Ферари. После победата на Хамилтон почна да се шпекулира дека болидот е со намалена тежина од 5 кг.

“Ние се обидовме да ја подобриме аеродинамиката но и да ја редуцираме тежината но сигурно неможиме да зборуваме за 5 кг. Како што некој шпекулира. Во овој спорт е тешко да го направите овај чекор. Ние зборуваме за неколку грама, а не за килограми.“ Изјави Волф.

После трката во Шпанија, Хамилтон призна дека се откажа од шишето за пиење вода во кокпитот само за да се намали тежината на болидот.

“Јас повеќе не го носам тоа шише во болидот. Затоа после трката бев многу по уморен од вообичаено“- Изјави Луис.

OhridNews