Трката на патеката „Истанбул парк“ за Големата награда на Турција ќе се одржи без публика на трибините.
Во услови на влошена состојба со бројот на случаи со коронавирус, турската влада препорача организаторите да ја одржат трката без гледачи за да не ги изложуваат на ризик.
Претходно, организаторите на Гран при трката планираа да сметат 100 000 луѓе на трибините. Во првите неколку часови после отворањето на продажбата беа продадени 40.000 билети.
Трката во Истанбул ќе се одржи на 15 ноември.
OhridNews