Трката од 1996 година се одржува на патеката Алберт Парк. Патеката е улична и е долга 5 278 метри, 58-те кругови се возат во правец на стрелките на часовникот, без многу рамни делови. Рекордот на кругот е поставен во 2022 година од страна на возачот на Ферари Шарл Леклер и изнесува 1м20.260сек.Патеката има 14 свиоци и две DRS зони.

Асфалтот на оваа патека не е баш рамен, а со препокривањето во 2022 година ова е малку ублажено. На почетокот на тркачкиот викенд (петок), оваа патека знае да биде “лизгава“. Често знае да се појавува подуправување на предниот дел на болидот. Прилично брза патека на која Хамилтон има остварена брзина од 235 km/h.

За оваа трка Пирели има обезбедено C2,C3 И C4 пневматици, од шестотепената скала на тврдина од C0 до C5.

Стартот на првата трка во 1996 година остана запаметен по драматичната несреќа на Мартин Брандл кој се извлече од превртениот уништен болид и стартуваше со резервниот.

На оваа патека Ред Бул нема некои позитивни искуства, а од актуелните тимови најмногу успех имаат Мекларен, Мерцедес и Ферари.

Распоред на тркачкиот викенд:

  • Сабота 01.04 2023
    • Слободен тренинг 03:30 – 4:30
    • Квалификации 07:00 – 08:00
  • Недела 02.04 2023
    • Трка 07:00

OhridNews