Светскиот шампион, возачот на Ферари Кими Раиконен и третиот ден од тестовите во Бахреин покажа врвна форма
Финецот комплетира 74 кругови , подобрувајќи го своето најдобро време на овие тестови за десетинка од секундата на патеката долга 5 412 метри со време од 1:30.455 .
Ова време е скоро 4 секунди подобро од најдоброто време постигнато во 2007 година кое беше 1:34.067 а додека најдобро време таа година во квалификации беше 1:31.359.
Ферари со одлични резултати во подготвителниот период
Тимскиот колега Фелипе Маса му се придружи во тестовите и двајцата работеа на различни сетови на болидите за равитокот на аеродинамиката во сезоната која доаѓа. Најдоброто постигнато време на Фелипе беше 1:31.293.
За феррари следува ден пауза за да утре продолжат со тестовите.
Џими