Возачот на Ред Бул и актуелен првак, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Јапонија што се возеше рано утрово по македонско време на легендарната патека Сузука.

Верстапен кој стартуваше од пол позоцијата водеше во текот на целата трка која не понуди премногу возбудувања. Втор и трет на целта стигнаа пилотите на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пијастри.

Во генералниот пласман води Норис со 62 бода, пред Верстапен со 61, трет е Пијастри со 49.

Следната трка ќе се вози на 13 април за Големата награда на Бахреин.

Г.М.
Фото: Ф1/Твитер