Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен победи денеска на трката од Формула 1 за Големата награда на Австрија и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 бодови.

Верстапен стартуваше од пол-позицијата и беше на чело од почетокот до крајот на трката, освојувајќи, притоа, и дополнителен бод за најбрзо извозен круг.

За Верстапен ова е трета последователна победа, вкупно петта сезонава, а 15 во кариерата.

Второто место го освои возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет низ целта мина Ландо Норис од Мекларен.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) го освои четвртото место.

Следната трка во рамки на Светското првенство во Формула 1 е на програмата на 18 јули за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон.

OhridNews