Пилотот на Ред Бул, Марк Вебер е победник на трката за ГН на Велика Британија, возена на патеката на Силверстон.


Австралијанецот до третиот триумф сезонава, петти во кариерата стигна пред британецот Луис Хамилтон во Мекларен. Место на подиумот имаше уште и за возачот на Мерцедес, Нико Розберг.

Поени уште освоија Батон, Барикело, Кабаваши, Фетел, Сутил, Шумахер и Хулкенберг.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 145 бода, пред Батон 133 и Вербер 128.

Ohidnews