Стратешката група на Формула 1 во соработка со FIA и ФОМ одржа состанок во Париз. Како што истакнаа од водечкото тело во овој спорт првите дискусии околу иднината на F1 се добри и позитивни.

Покрај техничките правила за 2019 кои беа усвоени на овој состанок , Светскиот совет на Мотоспортот ги констатира и следните измени:

– Зголемување на потрошувачката на гориво од 105 на 110 кг со причина возачите да не мора да го штедат горивото при трката

– Тежината на болидот повеќе нема да се мери заедно со возачот туку одвоено

– Сите возачи ќе мора да носат биометрсики ракавици за подобрување на безбедноста

Помеѓу останатото даден е предлог за нови агрегати кој би требало да се примени во 2021 година, а тоа е V6 турбо хибрид со зафатнина од 1.6 литри кој во себе нема да содржу MGU-H систем за поврат на енергијата.

OhridNews