Денешната трка ја одбечежаа многуте претекнувања од кои најинтересно беше она на Луис Хамилтон над водечкиот Маса. Но, со тактика од три застанувања во боксот, Британецот од Мекларен мораше да се задоволи со второто место. Веднаш по трката запрашани зошто три пати застануваа во боксот, Рон Денис изјавил дека структурните проблеми со гумите биле причина за трите застанувања во боксот.
Трет на денешната трка беше актуелниот светски шампион, Кими Раиконен. Тој иако заврши зад Маса и Хамилтон, сепак изјавил дека е задоволен со пласманот, бидејќи битно било да освојува поени.
Четврт беше Роберт Кубица од БМВ Заубер, а неговиот тимски колега, Ник Хајдфелд заврши како петти. Шестото место му припадна на Фернандо Алонсо од Рено, кој изјавил дека овој резултат денес е нивниот максимум во моментов и дека три тимови се далеку пред останатите, но и дека е среќен што тие се најдобри од „останатите“.