Денс во 15 и 10 часот ќе стартуваат болидите на F1 циркузот на патеката Спа Франкоршамп, која е омилена меѓу пилотите.

Уште во дваесетитте години на минатиот век на Спа се возеле авто трки, а во порвата сезона на F1 , 1950 година оваа патека стана дел од календарот на првенството. Првобитно оваа патека беше со должина од дури 14 км се до 1979 година кога е скратена за 7 км и денес изнесува точно 7 004 метри. Само 6 пати од постоењето на оваа патека не е одржана трка, а последно во 2006 година.

Спа има вкупно 19 свиоци, а најпознатиот е комбинацијата на “О`Руж – Радион“, низ кој се поминува со полн гас па се стигнува до правецот “Кемел“ каде се постигнуваат највисоките брзини. Се намалува за свиокот “Ле Комб“. Исто така возбудувања треба да се очекуваат кај свиоците 10 и 11 дел кој е наречен “Пуон“. Но сепак се чини најнапорен свиок е 15-тиот, „Ставело“, каде е битен излезот затоа што пак се вози со полн гас се до познатата шикана “Автобуска станица“. За да се дојде до оваа шикана се вози максимално брзо низ благиот лев свиок “Бланшимон“( по излетување од овој свиок животот го загуби младиот Жил Бјанки.

Патеката се поминува со зачудувачките просечни од 230-240 км/h затоа што има само еден бавен свиок, првиот “Ла Сурс“ и нешто пообрзата спомната шикана “Автобуска станица“. Овде кочниците трпат многу малку и според “Брембо“ ( произведувач на кочници во F1) во однос на истите е најлесната патека.

Додека со пневматиците состојбата е многу поинаква и нивното трошење е големо. Ова ќе биде првиот тест за Мерцедес кој најмалку оваа година се снајде со овој проблем, после летната пауза на кој најмногу работеа. Пирели за овај викенд подготви бели средно-тврди гуми (медиум), жолти меки ( софт) и црвени супер меки ( супер софт). Ќе ги нема виолетовите ултрасофт.

Во однос на сетирањето на болидот на Спа се бара доста низкок „downforce“ заради правецот од “Ла Сурс“ до “О`Руж – Радион“ па преку правецот “Радион“ кој започнува после нагорнина ( каде има многу излетување) и каде на неговиот крај се вршат најголемиот процент на претекнувања. Исто така тука е и брзиот дел од 15 – 18-тиот свиок каде исто така се претекнува.

Сепак инженерите и возачите мораат да обрнат вимание на вториот дел на патеката каде правците и поблагите свиоци најмногу ги “јадат“ пневматиците посебно “Брисел“ и “Пуон“. Токму поради овај дел најмногу се работи на тренинзите како би се пронашол најдобриот баланс при сетирањето.

Овде имаме две DRS зони и тоа на правевцот “Кемел“ и на стартно целната рамнина пред да стигне до првиот најспор свиок “Ла Сурс“.

За некој час ( во 15 и 10 ) започнува трката на која од пол позиција стартува Луси Хамилтон но на оваа патека тоа ништо повеќе од бројка незначи. Ако го споменеме првиот свиок “Ла сурс“ и ако времето ја “зачини“ трката со дожд ( честа појава) јасно е дека ова е една од најомилените и најнезивесните трки во календарот.

OhridNews