Недела дена после официјалното завршување на сезоната и крунисувањето на Луис Хамилтон на старо-нов шамион, тимовите ги официјализираа пилотите кои следната година ќе биде дел од Формула 1 циркузот.
Еден од главните новитети се враќањето на Роберт Кубица и разделбата на Ферари со Кими Раиконен. Финецот се пресели во Заубер. Даниел Рикардо болидот на Ред Бул ќе го замени со Рено, додека Хамилтон и Себастијан Фетел нема ништо да менуваат и ќе останат во Мерцедес односно Ферари.
Друштво во пит спотот на Ферари на Фетел ќе му прави Чарлс Леклерк, а Ботас останува во редовите на Мерцедес со Хамилтон.
Новата сезона во Ф1 почнува во март месец следната година со големата трка на Австралија во Мелбурн, а за вршува на 1 декември во Абу Даби.
Тимови:
Ферари: Себастијан Фетел – Чарлс Леклерк
Мерцедес: Луис Хамилтон и Валтери Ботас
Ред Бул: Макс Верстапен и Пјер Гасли
Мекларен: Карлос Саинц јуниор и Ландо Норис
Рено: Даниел Рикиардо и Нико Хулкенбег
Заубер: Кими Раиконен и Антонио Џовинаци
Хаас: Ромен Грожан и Кевин Магнусен
Форс Индија: Серхио Перез и Ленс Строл
Торо Росо: Данил Квајт и Александер Албон
Вилијамс: Џорџ Расел и Роберт Кубица
OhridNews