Мик Шумахер официјално тргна по стапките на својот татко Михаел Шумахер, откако седна во болидот на Ферари на тест возењето во Бахреин.
Тимот на Ферари остана во Бахреин после трката која се одржа викендов кој измина за дополнителни тестови и подобрување на болидот. Мик кој се натпреварува во Ф2 го испроба болидот на Ферари, а никој не присутните не остана рамнодушен.
A Schumacher. A Ferrari. @SchumacherMick drives out for the first time for @ScuderiaFerrari #F1Testing pic.twitter.com/xGnrYBCUsr
— Formula 1 (@F1) April 2, 2019
Михаел Шумахер пет од своите седум титули ги освои со Ферари. Во тимот, а и општо во Формула 1 легендарниот Шумахер остави неизбршлив белег. Германецот моментално се лекува во својот дом после страотната несреќа која ја имаше при скијање во Франција на крајот од 2013 година.
OhridNews