„Победата во Мелбурн донесе голема самодоверба која недостасуваше.“ – изјави Себастијан Фетел. Германецот имаше импресивен старт на сезоната со победата на ГН Австралија, каде победи прв пат после ГН Сингапур во 2015 година. Пилотот на Ферари заедно со својот тим покажа добро темпо во трката, она што недостасуваше минатата година. Триумфот беше забележан после стартот од втората позиција.
„Победите се секогаш добри и за нас возачите тоа е најдобрата медицина. Со победа све се лечи. Оваа победа е многу значајна затоа што е постигната после тежок и подолг период без победа. Ова значи големо олеснување како за тимот така и за мене. Сите вработени ви Маранело се заслужни за ваквиот старт. Никого не смееме да го заборавиме при постигнувањето на победи. Следува втора трка во Кина, втора можност за повторна радост.“ – дополни Фетел пред патот за Кина.
OhridNews