Медиумите веќе известија дека пошеѓу овие два концерна пропаднаа преговорите.

Јапонскиот произведувач на мотори силно се бори да снабдува  два тима во следната година, но после пропаѓањето на преговорите со Заубер во вода паднаа и плановите со Торо Росо. Британските медиуми пренесуваат дека за ваков крај виновен е финaнсискиот дел за кој постоеле несогласувања.

Сега во центарот на вниманието остануваат преговорите на Хонда со Мекларен. Британскиот тим најави дека во септември ќе го објави соработникот за снабдување со мотори за 2018 година.

Главната тема во летната пауза беше дека Хонда и Торо Росо требаа да влезат во соработка како би се ослободило едно место кај Рено кој планира да влезе во соработка со Мекларен.

 OhridNews