Возачот на Ферари, Карлос Саинц, беше најбрз на денешниот тренинг пред неделната трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави во Формула 1.
Саинц постигна резултат од 1:33.602 минути.
Втор беше неговиот клупски колега Шарл Леклер со заостанување од 0,021 секунди.
Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул го освои третото место со заостанување од 0,253 секунди.
Четвртото и петтото место го зазедоа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, а на шестата и седмата позиција возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Трката за Големата награда на САД се вози в недела.
OhridNews
Фото: Х