Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг ја забележа седмата победа сезонава, откако прв ја мина целта на трката „Монца“ за големата награда на Италија.
Розберг го искористи лошиот старт на својот клупски колега Луис Хамилтон кој од првата падна зад водечката петторка на трката.
Од првиот до последниот круг Германецот не дозволи никаков напад на првата позиција и славеше по 21 пат во својата кариера и разликата меѓу него и Хамилтон на табелата ја намали на два поени.
На пиедесталот покрај Розберг се пласираа Хамилтон кој успеа да се врати по лошиот старт и Себастијан Фетел од Ферари .
На четвртата позиција заврши Кими Раиконен (Ферари), петторката ја комплетираше Даниел Рикиардо (Ред Бул), а потоа следуваа Валтери Ботас, Макс Верстапен, Серхио Перез, Филипе Маса и Нико Хулкенберг.