Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја освои пол позицијата пред неделната трка за Големата награда на Сингапур. Розберг на доминантен начин ја освои седматат пол позиција оваа сезона, тој за половина секунда беше побрз од Даниел Рикардо на Ред Бул.


Зад најбрзите двајца трката од вториот стартен ред ќе ја започнат Луис Хамилтон, кој потфрли во квалификациите и Макс Ферстапен.

Најбрзите десет во квалификациите ги комплетираа Кими Раиконен (Ферари), Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо), Данил Квјат (Торо Росо), Нико Хилкенберг (Форс Индиа), Фернандо Алонсо (Мекларен) и Серхио Перез (Форс Индиа).

OhridNews