Францускиот пилот Роман Грожан е вистински феномен, откако за три дена се опорави и ја напушти болницата, каде беше згрижен после страотниот инцидент на трката за големата награда на Бахреин.

Грожан се удри во ѕидот со брзина од 221 километри на час. Грожан во тешките мигови остана присебен и излезе од болидот, кој по само трисеттина секунди експлодираше. Французинот помина со изгореници на рацете и полесни телесни повреди.

Воодушевен сум што можам да ги мрдам прстите. Не морам да носам завои преку цели раце. Скоро заплакав кога видов колку брзо се опоравувам. Благодарен сум им на сите кои ми помогнаа да се извлечам од оваа тешка ситуација. – изјави Грожан.

Пилотот на Хас уште неколку денови ќе мирува, а потоа ќе се подготвува за последната трка во Абу Даби која ќе означи крај на сезоната.

OhridNews