Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо, ќе ја продолжи кариерата во Мекларен. Според „Мотоспорт – Тотал“ повикувајќи се на свои извори, Рикардо потпиша договор со британскиот тим од Формула 1 шампионатот и ќе го замени Карлос Сајнц Јуниор во 2021 година.

Неколку извори претходно објавија за наводен трансфер на Себастијан Фетел во Мекларен, но овие информации, најверојатно не биле вистинити.

Според германското издание, вчера претпладне, Рикиардо го известил раководството на Рено дека нема да го обнови договорот со тимот, кој истекува на крајот на оваа година.

Се очекува трансферот во Мекларен да биде официјално објавен во текот на денешниот ден.

OhridNews