Со триумф на Себастијан Фетел од тимот на Ферари на трката „Алберт Парк“ во Мелбурн, Австралија започна новата сезона во Формула 1 шампионатот. Случувањата на првата трка наговестуваат возбудлива сезона и неизвесна борба за титула.

Себастијан Фетел (Ферари) – “Очигледно е дека се чувствувам предобро. Морам да признам дека имав голема среќа со безбедносното возило но и тоа е дел од тактиката. Мислам дека можев да имам подобар старт и во текот на првиот стинт не сакав многу да ги бркам Луис и Кими. Во тој момент се мачев со ултра меките гуми но полесно ми беше после со меката компонента. Се молев на патеката да излезе безбедносно возило и ете тоа се случи јас заминав во бокс и се вратив како прв. Имавме доста среќа.“

Луис Хамилтон(Мерцедес) – “Ферари подобро ја “истрча“ првата патека. Дефинитивно направија подобра работа од нас. За да кажам нешто повеќе морам да ја анализирам трката. Две работи сакам да ги анализирам: Ме изненади предолгиот прв стинт на Себастијан и фактот дека оваа патека е уживање за возење сепак не дава големо можности за претекнување. На крајот морав да го чувам и моторот и гумите и сега сите мисли ми се на втората трка.“

Кими Раиконен ( Ферари) – “Целокупната тактика ми ја разби безбедносното возило. Бев задоволен со второто место спремајќи се после првиот бокс да го нападнам и првото место но ете после се излегов на трето место. Задоволен сум од однесување на болидот. Направивме добра работа преку зимата но секако дека има место за напредување. Од следната трка се враќаме на вистинските тркачки патеки и ќе видиме што сме направиле“

Макс Верстапне ( Ред Бул) – “Задоволен сум од стартот но не и со тоа како влегов во првиот свиок и го изгубив местото од Магнусен. Одма почнав да имам проблеми со болидот и во радио комуникацијата заклучивме дека нешто се откачи од болидот. Го губев грипот на пола од секоја кривина па затоа се случи она во свиокот број 1. После губење на неколку места ставив се на коцка за да напредувам но овде е многу тешко да се претекнува. Се на се сум задоволен од оваа трка. Мислам дека за другите трки не треба да се грижиме затоа што увидовме дека можиме да држиме добар темпо.

Фернандо Алонсо (Мекларен) – “После 2 години ова е мојот најголем успех (5-то место). Имавме одлично тркачко темпо но и ги искористивме и проблемите на тие пред нас. Последните 20 кругови бев под голем притисок на Верстапен но успеав да се одбранам. Екипата направи фантастична работа преки зимата и направи прекрасна интеграција на новиот мотор. Прва трка е, а двата болиди ни се во бодови. Се надевам дека на следната трка во Бахреин ќе направи уште еден чекор напред.

Ф1: Драматичен триумф на Себастијан Фетел

OhridNews