Инцидентот на двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен и пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен и триумфот на Луис Хамилтон беше топ тема на трката за големата награда на Сингапур. Од било каква трка за бодови тројцата пилоти, Фетел, Верстапен и Раиконен отпаднаа уште на стартот по судирот. Од ФИА не посочија виновник и отрфлија понатамошно истражување.
FIA –“ Нема виновник за инцидентот“
Судиите ги прегледаа снимките и зедоа изјави од Себастијан Ветел, Кими Раиконен и Макс Верстапен како и од преставници на тимовите. Утврдено е дека болидот со број 7 (Раиконен) имаше многу добар старт и беше во позиција да го претекне болидот со број 33 (Верстапен) од левата страна. Во истиот момент, болидот со број 5 (Ветел) кој имаше нешто полош старт се придвижи на левата страна. Тогаш дојде до контакт помеѓу болидот 7 и 33 па се случи ланчен судар во кој учествуваа болидот 5 и болидот 14(Алонсо). Сидиите сметаат дека никој од возачите нема целосна вина за овај инцидент и заради тоа ја стопираа понатамошната истрага – Изјавија во соопштението прествници од FIA
Хамилтон –“Сакав трка со Ветел“
Британецот ја заочна трката од 5-тото место но само после неколку свиоци заради инцидентот на стартот ја презеде водечката позиција до крајот на трката.
“Доста напорна трка и несреќен ден за Ферари, но од друга страна ние успеавме да заблежиме добар резултат. Даниел (Рикардо) ми задаваше одвреме навреме тешкотии. Се надевав дека во трката ќе се борам со Себастијан. Кога излегов позади него во третиот свиок се надевав на возбудлива трка и борба со него но сепак се` се заврши на подруг начин.“
Ветел – “Незнам што се случи“
“Имав просечен старт и тргнав на лево да се одбранам од Макс и осетив удар па го видов болидот на Кими. Незнам што се случи. После тоа на излезот од свиокот 3 се извртив и болидот имаше преголеми оштетувања за да можам да продолжам. Трката за шампионатот е долга во моментов сме во лоша позиција но ма време. Јасно дека ништо не можиме да поправиме кога се зборува за оваа трка, во моментов сум разочаран но се надевам на подобри пласмани и борба до крај на првенството.“
Кими – “Плативме прескапо“
“На стартот имав добар скок и после тоа осетив удар. То беше крај и за мене и за Ветел. Мислам дека ништо неможев да направaм за да го спречам ова. Штета за целиот тим за ваквите потези за кои плативме прескапо. Без разлика на причината или проблемот на крај ништо неможeме да смениме. Одиме на следната трка спремни да дадеме све во борбата за првенството“
Верстапен – “Преголем ризик на Ветел“
“Мислам дека вината е кај Ветел. Почна прерано да ми го затвора просторот. Можеби не го виде Кими но сепак тоа неможе да биде изговор кога се бориш за титула. Не би требало толку да ризикува зошто трката е долга. Јас се обидов да се повлечам но беше прекасно. Имав оштетување на амортизацијата, а потоа и Кими ме удри во првиот свиок па ги изгубив двете предни тркала. Мислам дека ова не е тркачки инцидент. Јас бев во средината и неможев ништо да направам но морам да признам дека мило ми е што не бев сам во откажувањето.“
Ф1: Фијаско на Ферари, Хамилтон победник во Сингапур
OhridNews