Тимот на Мерцедес веќе и официјално ја освои титулата во конструктори, четврта по ред, а Луис Хамилтон е на прагот да го направи истото со петтата победа на патекат во Остин.
– Чувството е прекрасно. Публиката фантастична. Од 2012 година навака се повеќе и повеќе ги има. Имавме прекрасен ден и трката беше фантастична. Мислам дека веќе оваа патека ми е нај омилената во шампионатот. Уживање беше да се вози низ ваквите свиоци, а и правецот на ветрот придонесе за полесно возење. Големи честитки до целиот тим за освојување на титулата во конструктори и се надевам дека и во поединачна конкуренција ќе славиме. – изјави Хамилтон.
Пилотот на Ферари како никогаш призна дека на вчерашната трка едноставно Луис бил недофатлив – На стартот се одеше во наш прилог. Одма го претекнав Луис но немав темпо да му парирам. После тоа состојбата на патеката беше прилично неутрална. После првиот пит-стоп пак бев егал со темпотот на Луис. Одлучивме да направиме уште еден пит-стоп и финишот на трката беше доста возбудлив заради причината што морав да направам неколку претекнувања. Состојбата е таа и не се предавам додека математички имам шанса.
Конечно и Кими изрази задоволство од сето она што се случува на една трка, во Остин.
– Бев многу разочаран после трката бидејќи мислев дека сум четврти. Но заради претекнувањето на Макс (Верстапен) надвор од патеката ме вратија на трето место. Трката беше добра, а болидот цело време работеше одлично. На крајот морав малку да штедам гориво и освен тоа се друго беше одлично. – беше краток како и секогаш финецот.
OhridNews