Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои првата позиција во Јапонија победувајќи на легендарната трка „Сузука“. Хамилтон на подиумот пласман обезбеди пред двоецот на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниле Рикардо, додека најголем губитник во Јапонија беше Фетел кој не ја заврши трката.
Хамилтон: Искрено ни на сон не мислев дека 4 трки пред крајот ќе ја имам оваа предност. Во последниот дел на првенството тимот направи фантастична работа, издржливоста ја добивме, сите се многу прецизни во својата работа и затоа сме таму каде што сме. Ова му го должам на сите на патеката и во фабриката. Им благодарам на сите. Макс на вчерашната трка беше фантастичен и не ми беше лесно. Имаше неколку моменти во финишот кога беше преблиску но успеав да го задржам.
Верстапен: Повторно феноменален ден. Ја сакам оваа патека и секогаш добро поминувам. Имав многу добро темпо. На супер меките гуми се мачев, но кога сменив меки бев многу повеќе конкурентен. Цело време го пратев Луис но беше тешко да го нападнам. Во последните кругови дадов се од себе но ете не успеав. Од трка во трка имаме се` подобар болид.
Рикардо: Ова е мојот прв подиум во Јапонија. Целта ми беше да бидам помеѓу првите тројца на крајот и тоа го остваривме. Се чувствувам одлично. Секогаш сум ја сакал оваа патека, а возењето на неа е голема забава за мене. Пред крајот морав да се бранам од Валтериј(Ботас) и тој притисок ме мобилизира повеќе. Во секој случај беше забавно.
Фетел: На Ферари му се случуваат чудни работи тогаш кога е најпотребно да бидат најспремни. Неколкуте незавршени трки највероватно го чинат Ветел и титула. Проблемот во Јапонја се откри одма од како германецот излезе на патеката но немаше време да се среди тоа пред стартот. За да се смени свеќица на моторот мораше да расклопат повеќе делови, за кои немаа време па наместо тоа се изврше ново сетирање кое не помогна. Вакви работи се случуваат кога ситуацијата во првенството е критична. Тоа е дел од нашата работа и нема потреба да се напаѓа тимот. Досега целата работа беше фантастична. Сите сме разочарани но мораме да ги оладиме главите, да го тргнеме емоциите настрана и да се вратиме со намера да одиме на се или ништо во последните четири трки. Разочаран сум од причина затоа што имавме постојан напредок. Секако дека не е се` завршено и мораме да размислуваме позитивно.
Во генералниот пласман првопласиран е Хамилтон со 306 бодови. На втроата позиција се наоѓа Фетел со 247 поени, а третата позиција ја зазема Валтери Ботас од Мерцедес. Следната трка во Ф1 циркусот е во САД за две седмици.
OhridNews