Со победа на пилотот на Ферари, Себастијан Фетел заврши втората трка во новата Формула 1 сезона кој изминатиов викенд се одржа во Бахреин. Германецот стигна до 50-тиот бод, откако триумфираше на воведната трка.

– На десет кругови пред крајот и јавив на екипата дека имам се под контрола. Незнам дали оваа моја изјава влезе во преносот но лажев дека е така. Буквално ништо немав од контрола. Кога ми јавија какво е темпото на Ботас знаев дека немам шанси да му одговорам. Возејќи пресметував и одма знаев дека ќе бидам стигнат. Имаше една прилика на правецот да претекне но толку беа круговите. Затоа сум презадоволен што победив во вакви услови. Знам каде и што погрешив за да вака се “тресам“ до крајот и во Кина нема да ми се лучит тоа. – изјави Фетел.

Второпласираниот на подиумот Валтери Ботас не го криеше разочарување поради испуштената шанса за победа. – Премногу е разочарувачки да се заврши втор во трка каде имав предобро темпо и не стигнав прв за мала разлика. Морам добро се пак да погледнам и да направам анализа што можев да направам подобро. Сепак сум задоволен со второт место затоа што пред нас се 19 трки. Знаев дека при крајот ќе добијам шанса да го престигнам Себ ( Фетел) бидејќи имав поиздржлива гума. Тој почна да се мачи со грипот, а јас се спремав за напад. Сепак сето тоа не беше доволно за прво место.

Бранителот на трофејот, Луис Хамилтон смета дека малиот инцидент на стартот од трката со Верстапен влијаел на конечниот исход.

– На почетокот на трката имав контакт со Верстапен во првиот свиок за кој мислам дека воопшто не беше потребен. Мислам дека помеѓу возачите мора да има повеќе почитување посебно млад возач како Макс. Морам да ја прегледам снимката добро но сепак мислам дека тој не ме испочитува доволно. Посебно за него овај потег беше бесмислен бидејќи заради тоа тој не ја заврши трката. Последно време неговите вакви постапки се се` почести. – истакна Хамилтон

Најдобриот возач според гласовите на гледачите кои гласаа преку социјалните мрежи Пјер Гасли го донесе седмиот пласнам на Торо Росо над петтото местои и не му се веруваше на крајот на трката. А од друга страна после 10 години ова е најдобриот резултат на Хонда уште од ГН на Велика Британија во 2008 година.

– Неможам да верувам. Невероватно е чувството од овој викенд. На квалификациите го зазедов шестото место( статруваше петти заради казната на Хамилтон), а трката ја завршив на четврто. Пресреќен сум. Искрено ова не го ни сонував. Му благодарам на тимот што ми припреми фантастичен болид и денес таа шанса ја искористивме. Незнам друго што да речам. Направивме голем чекор напред и сакам во овој момент да уживам во тоа. – рече Гасли.

Трката во Бахреин покрај борбата за место погоре ја одбележа инцидентот на Кими Раиконен кој со болидот прегази механичар од редовите на Ферари.

OhridNews