Една работа треба на секого да му е јасна. Формула 1 е посилна од секој поединец во секој поглед во овој спорт. Ова го кажувам од причина што веќе влеговме во месец февруари, а Луис се уште игра “сакам – не сакам“. Го прави ова, а не сваќа дека прави голем ризик за неговата кариера. За мене ова е срамно. Незнам дали самиот е свесен дека со ваков потег самиот го денесе Џорџ Расел пред вратата на Мерцедес. Ниту повеќе кратен светски првак не смее да си дозволи да уценува некого. – oва го изјави Ралф Шумахер, предизвикан од потезите кои ги влечи Луис Хамилтон во однос на продолжувањето на договорот со Мерцедес.
И покрај најавите дека двете страни се приближиле до нов договор во однос на финансиите Хамилтон сеуште нема ставено свој потпис на нов договор. Дали ваквото однесување Мерцедес ќе го толерира уште некое време или ќе поптише со Расел ќе се знае за една недела кога сите тимови морат да ги пријават своите возачи за првенството во 2021 година.
OhridNews