Финецот Кими Раиконен победи на трката за ГН на Абу Даби што се возеше на патеката “Јас Марина“.  Раикокоен трката ја заврши пред Фернадо Алонсо од Ферари и Себастијан Фетел од Ред бул, кој стартуваше последен.

На две трки пред крајот Фетел со 255 бода води во генералниот пласман. Втор е Алонско кој има 245 бода.

До крајот преостануваат трките за ГН на САД (Остин) на 18 ноември и Бразил – 25 ноември.